Откриен идентитетот на жената која се удави во Вардар

Скопјанката Ф.В.(68) е жената чие мртво тело беше пронајдено вчера во водите на реката Вардар во населбата Аеродром, информираше МВР. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Телото е без видливи траги на насилство.