• стење

На ГП Стење уапсен албански државјанин баран со потерница на Интерпол во Грција

Вчера утро во 09.05 часот на Граничен премин Стење, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(52) од Република Албанија. МВР соопшти дека тој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол – Република Грција. За случајот бил известен Јавен обвинител, а лицето било предадено во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.