Избувнал пожар во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје, спроти Соборниот храм, попладнево во еден напуштен објект избувнал пожар, информира Канал 5. Според овие информации, 13 пожарникари со неколку противпожарни возила успеале да го изгаснат огнот. Познато е само дека повредени од пожарот нема, а причините дополнително ќе се истражуваат.