• Повреден

Повреден работник во МНТ

Вчера околу 13.30 часот во полиција е пријавено дека во Македонскиот народен театар во Скопје, В.Ч. (35) од Скопје, вработен како светло-техничар, додека изведувал работни задачи, паднал од висина и се здобил со тешки повреди. Повредениот работник бил пренесен и задржан на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“.