Мотоциклист од Скопје заврши на болничко лекување

Мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера околу 12.45 часот на улица „Благоја Стефковски“ во главниот град.

Според полицијата се судриле мотоцикл „апачи“ управуван од А.С. (32) од Скопје и „опел вектра“ управувана од И.П.(31) од струшкото село Вевчани.

Во сударот оштетено било и паркираното патничко возило „рено“.

Во незгодата тешки повреди здобил мотоциклистот кој бил пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот