• петарди

На Бит-пазар запленети 2.619 пиротехнички средства, приведено лицето што ги продавало

Полиција од СВР Скопје денеска на територија на Бит-пазар во Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот В.В. од Скопје затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства. Запленети се вкупно 2.619 разновидни пиротехнички средства. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.