Во Собранието се отвора парламентарна буџетска канцеларија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде отворена парламентарна буџетска канцеларија. На отворањето најавено е обраќање на претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и на амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Рејчел Галовеј и извршниот директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер Ентони Смит.