• канада

Источна Канада парализирана од ледениот дожд

Леден дожд кој падна во источниот дел на Канада остави повеќе од 70.000 луѓе без струја, а најпогодени се провинциите Њу Бранзвик и Нова Шкотска. Поради невремето на некои места се прекинати и телефонските линии, а затворени се и некои училишта. Невремето го отежна и сообраќајот во тој дел на Канада, јавија локалните медиуми.