Косовец уапсен затоа што се наоѓал на листата со мерка „Апси“

На 16.06.2019 година во 12.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце од слобода бил лишен Д.К.(24) од Косово. Причината за неговото апсење е тоа што се наоѓал на листата со мерка „Апси“, врз основа на телеграма од Одделението за потраги. Лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.