Поради сообраќајка затворен патот Кочани-Виница
Патниот правец Кочани-Виница и обратно е затворен за сообраќај од 14:20 часот. АМСМ соопшти дека причина за застојот е случена сообраќајна несреќа.
Патниот правец Кочани-Виница и обратно е затворен за сообраќај од 14:20 часот. АМСМ соопшти дека причина за застојот е случена сообраќајна несреќа.
Против 22-годишен кочанец е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, извести МВР. На 12.10.2023 на Градскиот плоштад во Кочани, пријавениот со мотоцикл удрил во возило, по што и физички го нападнал возачот на возилото, додаваат од МВР.
Со решение на Државниот инспекторат за животна средина, привремено прекинаа градежните работи на минихидроцентралата на Мала Река кај Кочани, откако по извршениот инспекциски надзор биле утврдени неправилности. Од инвеститорот на хидроенергетскиот објект се бара да преземе соодветни заштитни мерки за речното корито и околниот терен, по што надлежниот инспектор ќе направи нова контрола на состојбата. …
ДИЖЗ привремено ја запре изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река кај Кочани Read More »
Платформата за родова еднаквост повторно реагира до Јавното обвинителство и државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски убиството на жената во Кочани да го преквалификува делото согласно член 123 став 2, точка 2а односно како фемицид при вршење на родово базирано насилство. Тие истакнуваат дека институциите не го препознаваат родово базираното насилство, и овој случај го водат …
Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Платформата за родова еднаквост се сомнева дека институциите не постапиле според своите надлежности и бара да се утврди одговорност. -Не, не станува збор за немил или трагичен настан, како што известија …