• евакуација

ВИДЕО | Евакуација во Ист Гејт, неофицијално се запалил автомобил во подземната гаража

Трговскиот центар „Ист гејт“ е евакуиран, од него се изнесени сите вработени и купувачи. Оние кои дошле со автомобил, не можат да ги извадат. Неофицијално, причината за евакуација е запален автомобил во подземните гаражи при што се активирал алармот. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.