Тачи до Курти: Ќе предложиш кандидат за премиер или се откажуваш од мандатот

Тачи побара од Курти да каже дали го прифаќа или го отфрла мандатот за да може да ги преземе следните чекори кои му ги дозволува Уставот на Косово.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, упати ново писмо до претседателот на Движењето Самоопределување, каде посочува дека е во исчекување на неговиот одговор за кандидат за премиер, како што и ветил на консултативната средба.

– Како Претседател на Република Косово, должен сум да преземам дејствија без понатамошно одложување, следејќи ги сите чекори кои ги дозволува Уставот на Косово, за да граѓаните што побрзо да имаат влада. Имајќи ги во предвид демократските вредности, транспарентноста и политичката коректност, Ви дадов можност и побарав да предложите кандидат/кандидатка за премиер – се вели во писмото на Тачи.

Тачи побара од Курти да каже дали го прифаќа или го отфрла мандатот за да може да ги преземе следните чекори кои му ги дозволува Уставот на Косово.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се одржа нова средба помеѓу лидерот на Самоопределување (ВВ), Албин Курти, и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, во косовското собрание. И оваа средба помина без договор за формирање на нова влада.

Според информациите, ЛДК не прифатиле министерствата да бидат поделени 6 со 4, и сега тие бараат седум министерства.

Движењето Самоопределување го понудиле Министерството за надворешни работи, додека ЛДК го побарале и Министерството за економски развој.

Денеска се очекува нова средба на двајцата лидери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот