СЗО: Тоа што го видовме во Газа е мрачно, се’ повеќе деца умираат од глад

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди дека на северот на Појасот Газа се повеќе деца умираат од глад. Тој информираше дека изминатиот викенд, за прв пат од октомври лани, вработените во СЗО успеале да ги посетат болниците Ал Авда и Камал Аудан, нагласувајќи дека она што го виделе таму е „мрачно“.

Само минатата недела од недостаток на храна починале 10 деца, неухранетоста на останатите е на алармантно ниво, а зградите на сите болници се уништени, изјавил Гебрејезус, пренесува BBC.

Министерството за здравство на Газа во неделата извести дека најмалку петнаесет деца починале од неухранетост и дехидрација во болницата Камал Адван, а палестинската агенција Вафа денеска соопшти дека 16-то дете починало од глад во болница во јужниот град Рафах.

Обединетите нации, уште минатата недела предупредија дека гладот ​​во Појасот Газа е „практично неизбежен“. Висок функционер за хуманитарна помош на ОН информираше дека најмалку 576.000 луѓе низ Појасот Газа или четвртина од населението, се соочуваат со секојдневна несигурност за храна, а секое шесто дете на возраст под две години на северот од Газа страда од акутна неухранетост.

За катастрофалната ситуација во Газа, реагираше и генералниот директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток, Адел Кодр, која рече дека секојдневно гледаме „деца кои умираат од глад, додека неухранетоста го пустоши Појасот“.

Откако израелската армија започна голема воздушна и копнена кампања во Газа, загинаа повеќе од 30.500 луѓе, најмногу жени и деца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот