СВР Велес за шест часа казни 18 пијани возачи

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи
Осумнаесет прекршоци биле регистрирани во полициска акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, што била спроведена ноќеска во периодот од 20:00 до 02:00 часот на подрачјето на СВР Велес.
– Од вкупниот број прекршоци, 11 се регистрирани во Велес, два во Кавадарци и пет во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Тој најави дека против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот