Свиња го убила месарот кој се обидувал да ја заколе

Месар во една кланица во  Хонг Конг загинал при обид да заколе свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен. Месарот (61), кој работел во кланицата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.

Животното за момент ќе се онесвестило, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот добил смртоносна повреда.

Свињата го соборила на подот од  кланицата, при што месарот  се повредил со ножот за месо кој го држел во раката . Се здобил со рана длабока 15 сантиметри.

Колегата кој го пронашол месарот во несвест и со нож во рака и рекол на полицијата дека 61-годишниот маж имал  рана во пределот на ногата. Од здобиените повреди несреќниот месар починал во болница.

Полицијата соопшти дека го истражува овој несреќен случај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот