Светски рекорд во Серија А: Фудбалер на Торино се повреди за помалку од три секунди

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Пјетро Пелегри некогаш важеше за голема надеж на италијанскиот фудбал, меѓутоа повредите во неговата кариера му направија многу проблеми и никогаш не ги исполни очекувањата.

Денес Пелегри го носи дресот на Торино и  за викендот „успеа“ да сруши светски рекорд. Имено, во натпреварот против Болоња тој се повредил само две секунди и три десетеники откако започна натпреварот. Moментот кога се повредува Пелегри е на 1:14 од видеото.

Италијанскиот „Тутоспорт“ објави дека вакво нешто не се случило никогаш во историјата. Пелегри само што тргна кон противничката половина се пожали на повреда, а по укажаната лекарска помош беше потврдено дека не може да продолжи.

Рекордот пред Пелегри го држеше Марко Медел од Чиле кој на натпреварот Сантијаго Вандерерс – Универзидад де Консепсион бил повреден откако соиграч налетал на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот