Свети Николе за Свети Никола доби нов Противпожарен дом со американски грант од половина милион долари

Амбасада на САД / Фото: Слободен печат

Во Свети Николе денеска во присуство на амбасадорката на САД, Анѓела Агелер, официјално е пуштен во употреба новиот Противпожарен дом, чија изградба е целосна донација од амбасадата на САД.

Амбасадорката Агелер потенцира дека граѓаните на Северна Македонија можат да сметаат на САД за поддршка и пријателство денес и во иднина. Се осврна на настаните од пред две години кога, како што рече, беснееја пожарите низ нашата држава, а народот на САД, рече, сочуствуваше со тагата и шокот на граѓаните на нашата држава.

-Како партнери одлучивме да им помогнеме на службите за Прва помош и итни интервенции на Сверна Македонија да се справат со тоа. Членовите на Противпожарната бригада си веруваат и потпираат еден на друг, обезбедувајќи безбедност и ефикасност, додека се справуваат со заканите од огнените јазици, и во истиот дух на соработка, оваа станица служи како потсетник на трајното партнерство помеѓу САД и Северна Македонија, рече Агелер.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев истакна дека новиот објект на Противпожарната единица е целосно изграден од страна на Амбасадата на САД и Инжињериската команда на морнаричките сили на САД. Грантот изнесува над 450.000 долари, а Противпожарниот дом во Свети Николе е изграден по најновите светски стандарди.

-Нашите пожарникари претходно функционираа во една застарена зграда, која не беше реновирана од далечните 60 години од претходниот век и не само што не беше соодветна за стандардите на една модерна противпожарна заштита, туку и беше ризична да се претстојува во неа, вели Владев.

Забележа дека новата Противпожарна станица ги има сите услови за непречена работа на пожарникарите и најави дека на 23 декември ќе пристигне и ново противпожарно возило обезбедено од Вардарскиот плански регион, со што ќе се комплетира возниот парк. Владев најави и дека во новиот буџет за 2023 година година предвидени се средства и за обезбедување на ново теренско возило за пожарникарите, со цел, како,што рече, да не се молат по другите институции.

Владев денеска на Амбасадорката на САД, Агелер и го врачи и највисокото признание на Општина Свети Николе, по повод патрониот празник Свети Никола.

Инаку, пожарникарите од ТППЕ-Свети Николе, освен што ги гаснат пожарите во нивната општината, тие се надлежни и за Општина Лозово, а исто така и секојдневно интервенираат и на сообраќајни несреќи на автопатот Штип-Миладиновци, како и на експресниот пат Штип-Велес, кои поминуваат низ нивна територија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот