Сведоштва на украински бегалци се раскажани преку оригинални уметнички дела

Плакат за изложбата во Чифте амам

Центарот за современи уметности – Скопје, „СБункер“ – Приштина, Косово, и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Букурешт, Романија, на 2 април, во 19 часот, во Чифте амам ќе ја отворат изложбата „Уметници и бегалци“.

Изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалците директно на уметниците вклучени во изложбата за време на нивната посета на бегалските заедници во Романија на почетокот на март 2024 година.

На изложбата со свои дела ќе се претстават Ѓорѓе Јовановиќ (С Македонија), Маја Танева (С Македонија), Озбек Ајваз (С Македонија), Бутринт Паша (Косово), Диела Вала (Косово), Андин Бакија (Косово) и Серхи Тиекхов (Украина).

Проектот „Уметници и бегалци“ има за цел да ги раскаже искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Северна Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел на проектот е да ги поттикне бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела.

Изработените уметнички дела коишто се претставени создаваат отворена порта за гласовите на бегалците од Украина да се слушнат во другите делови на светот преку универзалниот јазик на уметноста, придонесувајќи на тој начин во борбата со лажните вести и наративи кои се однесуваат на агресијата врз Украина.

Уметничките дела на изложбата се претставени во различни медиуми. Од чисти скулпторски форми на Маја Танева и Андин Бакија, до мобилни скулптури кои создаваат уникатна инсталација на „мобилите“ на Ѓорѓе Јовановиќ. Делото на Озбек Ајваз во вид на скулптурална инсталација изработена од метал бара интеракција со публиката за да се добие целосна слика за уметничкото дело.

Косовските уметници Диела Вала и украинскиот уметник Серхи Тиехов решија да ги споделат своите ставови и изразување преку класичните медиуми на сликање користејќи различни техники и пристапи. Конечно, Бутринит Паша како изведувачки уметник и театарски режисер се обидува да ја вклучи публиката со својата монодрама создадена во стил на театар насловена како „Кој ја сака мојата земја?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот