Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари

Алексеј Навални
Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Двете судски рочишта во судскиот процес против притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, закажани за денеска, се одложени за јануари, објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на судски документи.

Рочиштата се одложени за 11 и 16 јануари.

Соработниците на Навални, кои се подготвуваа за неговиот очекуван трансфер во колонијата на „специјалниот режим“, односно најстрогата во рускиот затворски систем, тврдат дека неговите адвокати не го виделе од 6 декември и наводно воопшто не знаат каде се наоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот