Судот потврди: Дани Алвеш излегува од затворот, но нема да може да ја напушти Шпанија

Фото: EPA-EFE/Sashenka Gutierrez

Бразилскиот фудбалер, Дани Алвеш по 14 месеци поминати зад решетки излезе од притвор. Познатиот дефанзивец успеа да плати кауција од еден милиони евра, а судот во Барселона денеска потврди дека Бразилецот е ослободен.

Алвеш од јануари 2023 година беше во затвор поради сомневање дека силувал девојка на 31. Декемврри 2022 година во ноќен клуб во Барселона.

Во текот на процесот Алвеш неколку пати го менуваше својот исказ. На почетокот на судењето тврдеше дека не ја познава девојката, а потоа дека имале интимен однос, но на задоволство на двајцата.

Судот претходно ги одбиваше неговите барања да се брани од слобода поради ризикот од бегство, земајќи предвид дека Бразил и Шпанија немаат договор за екстрадиција.

Сепак, на Алвеш сега му се одземени шпанскиот и бразилскиот пасош и секоја недела ќе мора да се пријавува во шпанскиот суд. Засега не е познато кој ја платил кауцијата од еден милион евра.

Почна судењето: На фудбалерот Дани Алвеш му се заканува затворска казна од 12 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот