Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 10 декември

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Следното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз” е закажано за 10 декември. Судењето за овој предмет е во фаза доказна постапка, односно презентација на материјални докази од страна на обвинителството. Предмет на презентација на денешното рочиште беа разговори од „What’s App” меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и повеќе други лица, меѓу кој и премиерот Зоран Заев.

Кривичниот совет во овој предмет го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова. Како застапник на обвинението денеска се појави обвинителката од ОЈО за Организиран криминал, Милица Гаврилова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот