Фото: GoodFon

Студија тврди: Една едноставна навика ги зголемува шансите да се збогатите за 206 отсто

Изгледа малите навики навистина можат да имаат огромно влијание врз успехот. Социоекономистот Рандал Бел, кој ги проучува најуспешните и најбогатите луѓе во светот во последните 25 години, откри една навика која ја делат речиси сите милионери. Она што е најинтересно – потребно е помалку од една минута за да ја усвоите оваа навика.

Бел анализирал повеќе од 5.000 луѓе од различни профили, вклучувајќи студенти, невработени и милијардери, фокусирајќи се на нивните секојдневни рутини. Во својата книга „Me We Do Be“, тој објаснил како едноставните навики што ги практикуваме секој ден можат значително да влијаат на успехот.

Навики кои водат до успех

Најважната од овие навики, според Бел, е – местењето на креветот наутро. Иако изгледа тривијално, оваа навика може да ги зголеми шансите да станете милионер за дури 206 отсто.

„Оние коишто го местат креветот секое утро се многу посклони кон успех“, тврди Бел.

Причината е едноставна – оваа навика веднаш наутро создава позитивен начин на размислување (ментален склоп) кој води до попродуктивен и поорганизиран ден.

Покрај местењето на креветот, Бел идентификувал уште неколку клучни „навики на богатите“:

Будење рано наутро – најмалку три часа пред почетокот на работниот ден.
Редовно телесно вежбање – познатите милијардери како Марк Закерберг и Ричард Бренсон ја вклучуваат физичката активност во својата секојдневна рутина.
Читање и учење – континуираното усовршување го зголемува интелектуалниот капитал.
Негување романтични односи – успешните луѓе посветуваат време на своите партнери.
Планирање на денот – секое утро тие ги дефинираат целите и приоритетите.

Истражувањата на Бел покажуваат дека токму тие мали навики создаваат дисциплина и продуктивност кои водат до финансиски и професионален успех. Значи, ако сакате да ги зголемите вашите шанси за успех – започнете со едноставен чекор: местете го креветот секое утро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот