Струмички угостител затерал со гостите до полноќ, точел и алкохол на малолетници

Фото: МВР

Ноќеска во 00.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Младинска” во Струмица, сопственост на Л.М.(36) од Струмица, соопшти МВР.

При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, односно дека не ги почитува одлуките на Влада и протоколот за отварање и работа на угостителски објекти. Исто така, било утврдено дека во објектот се точел алкохол на малолетни лица.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот