ПМФЛ: Струга победи во Скопје, трет пораз во низа за Работнички

Фото: FC Rabotnicki

Eкипата за Работнички врза три порази во низа откако денеска на свој терен загуби од Струга со 2:1.

Работнички беше подобриот тим во првото полувреме, но иницијативата и шансите кои ги создадоа не успеаа да ги претворат во гол.

Кога домаќинот не ги искористи шансите, Радески по седум минути игра во вториот дел ја доведе Струга во водство. Работнички преку Влатко Стојановски изедначи на 20-тина минути до крајот, а победата на Струга ја донесе Влајковиќ.

Натпреварот кој се играше на Арената „Тодор Проески“ беше обележан за жал и со тешката повреда на Бесмир Бојку кој имаше тежок судир со Белица во 84. минута од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот