Струга ако го помине Жалгирис, ќе игра двомеч со Галатасарај

Фото: F.C. Struga

Македонскиот шампион Струга Трим Лум денес го доби потенцијалниот противник во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите каде што ќе игра ако го помине литвански Жалгирис.

Струга за потенцијален ривал во второто коло го доби турскиот гигант Галатасарај. Струга во тој двомеч во првиот дуел би играла како домаќин, меѓутоа прво треба да се помине Жалгирс.

Жалгирис не игра така добра сезона и во литванското првенство е на третата позиција, но ќе видиме како ќе одиграат во двомачот со македонскиот претставник. Ќе потсетиме, ако Струга биде елиминирана од Жалгирис европските квалификации ги продолжува во Конференциската лига каде што се веќе Шкендија, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот