Стокомак по примерот на Данска: Ова е вашето место!

Маркетите во земјава почнаа да применуваат најразлични мерки за почитување на препораките од Владата за заштита од ширењето на коронавирусот.

На социјалните мрежи деновиве почна да кружи фотографија за која се тврди дека е од маркет во Данска. На фотографијата може да се види дека маркетот успешно ја спроведува мерката за оддалеченост меѓу луѓето од 1,5 метар како заштита од ширењето на коронавирусот.

По овој пример, со иста фотографија вчера се огласија и од маркетите Стокомак кај нас. „Ова е вашето место. Јавното здравје од нас зависи“.

„Почитувани потрошувачи, Сакаме да ве известиме дека внимателно ја следиме ситуацијата на (Covid-19) корона вирусот кој е актуелна тема во овој момент кај сите нас. Здравјето и безбедноста на нашите клиенти и на нашите вработени е главна цел во овие периоди. Во нашите продавници за оваа цел, ние веќе имплементиравме засилени превентивни мерки со цел одржување на нашите продавници и објекти чисти и здрави за вас и нашите вработени. Продавниците се чистат секој ден, со користење на раствори за дезинфекција сертифицирани за употреба со цел зголемување на превенцијата и заштита од Covid-19. Ние го зголемивме нашиот фокус на чистење и дезинфекција на клучните и критични точки (како пулктот за наплата, корпите, количките, влезните врати…итн). Од денес дополнително започнавме да ги означуваме нашите подови со предвидено место во растојание за заштита на безбедноста и здравјето на нашите клиенти и нашите вработени… Ве молиме да ги почитувате мерките кои се препорачуваат и да имате разбирање за мерките кои ние како компанија ги имплементираме со една единствена цел, заштита на здравјето на сите нас! Ваш, Стокомак“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.

Маркетите во земјава почнаа да применуваат најразлични мерки за почитување на препораките од Владата за заштита од ширењето на коронавирусот. Во Кам маркетите е забрането да влегуваат одеднаш повеќе од 5 купувачи. Во маркетите може да се забележи и дека купувачите главно се држат до правилото за 1,5 метри оддалеченост, но и дека носат заштитни ракавици и маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот