Македонскиот пливач Андреј Стојановски и член на ПК „Нептун“/Фото: facebook/PK Neptun Skopje

Стојановски и во вториот настап оствари рекорд на Медитеранските игри во Оран

Андреј Стојановски денеска на Медитеранските игри во Оран го запиша и вториот настап во кој исто така запиша нов рекорд.

Македонскиот пливач имаше апсолутен рекорд во дисциплината 50 метри грбно со време од 27,71 секунди.

Тоа е уште една потврда за врвната форма на членот на пливачкиот клуб „Нептун“ кој потсетување запиша и нов младински рекорд во својот прв настап на МИ во дисциплината 200 метри градно.

На трката на 50 метри грбно во рамките од групата „2“ Стојановски го освои последното шесто место.

Првопласираните четворица се квалификуваа во следната фаза: Симоне Стефант (Италија – 25,17), Георгиос Спанудакис (Грција – 25,20), Мануел Бакаризо Мартос (Шпанија – 25,41) и Дорук Текин (Турција – 25,75). Сите резултати можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот