Стив Кер по Игрите во Париз повеќе нема да биде селектор на САД

Стив Кер/фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер денеска соопшти дека ќе се повлече од селекторската функција на кошаркарската репрезентација на САД по Олимписките игри во Париз.

– Не, нема да бидам селектор по Олимпијадата. Тоа е циклус од две години – изјави Кер за американскиот „Атлетик“.

Кер потврди дека имал краток разговор со Стеф Кари за Олимпијадата во Париз.

– Разговаравме накратко. Тој рече дека сака да игра, а јас реков одлично. Верувале или не, немавме детален разговор за Олимпијадата во Париз – додаде Кер.

Најдобрите кошаркари од НБА, меѓу другите, Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Девин Букер и Џоел Ембиид најавија дека ќе настапат на Олимпијадата во Париз. На крајот Кер истакна дека сака што поскоро да го потврди конечниот список на кошаркари кои ќе играат за САД во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот