СТИГНАА РЕЗУЛТАТИ ОД ОБДУКЦИЈАТА: Ова се вистинските причини за смртта на фронтменот на Продиџи!

Фото: Профимедиа

Кинт Флинт, фронтменот на групата Продиџи, почина од предозирање, пишува во резултатите од обдукцијата.

Вештакот Каролина Бејсли-Мари тврди дека не постојат доволно докази за тоа дека фронтменот на Продиџи, кој беше пронајден мртов во својот стан на 4 март, сакал себеси да си го одземе животот.

Објавените резултати од обдукцијата и токсиколошкиот тест, покажуваат дека Кит пред смртта консумирал кокаин, алкохол и кодеин.

– Што ако само правел глупости па се тргнало по лошо? Никогаш  нема да бидеме сигурни за што размислувал Кит тој ден, па поради тоа во истрагата за неговата смрт ќе прогласам отворен заклучок – рече таа, а пренесуваат светските медиуми.

Тоа значи дека смртта е сомнителна, но не може да се потврди причината.

„Ја разгледував опцијата дека станува збор за самоубиство, но за тоа да го заклучам, би морала да потврдам дека Флинт намерно сакал да си го одземе животот. Во однос на околностите, не наоѓам доволно докази за такво нешто“, додаде Каролина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот