Становите во Црна Гора се помалку достапни за локалното население

Цените на недвижностите во Црна Гора растат, а меѓу купувачите има се помалку Руси и Украинци, а се повеќе Турци, Германци, Французи и Полјаци. Цените на становите минатата година во просек пораснаа за повеќе од една петтина, а експертите стравуваат дека Црногорците наскоро ќе станат странци во сопствената земја бидејќи сè помалку од нив можат да си дозволат да си купат сопствен дом, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.

Според последните податоци на Институтот за статистика на Црна Гора, во септември минатата година за нов стан во Црна Гора требало да се платат 1.647 евра. Тоа е за 300 евра повеќе од почетокот на 2023 година.

„Постои голема опасност многу брзо да станеме странци во нашата земја, бидејќи цените растат поради геополитичките услови и инфлацијата, а нашите луѓе не можат да купат недвижен имот. Тоа најчесто го прават странци“, изјави новинарот на РТЦГ, Немања Павиќевиќ, пренесува српската новинска агенција Танјуг. Павиќевиќ, кој се занимава со пазарот на недвижности, смета дека не може да се очекува пад на цените. Од него и оценката дека државата треба да размислува за граѓаните и поинаку да ја организира оваа област. На пример, данокот на промет за странци треба да биде 50, 80 или 100 отсто од договорот за продажба наместо 3 отсто, смета тој.

Тој стравува дека овој потег не може да се направи ретроактивно и дека веќе е доцна. Од агенцијата за недвижности ТипТоп за порталот РТЦГ велат дека просечната цена на стан во Подгорица е 1.800 евра за метар квадратен. За најскапиот стан треба да одвоите 2.400 евра за квадрат, а за најевтиниот 1.450 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот