Српскиот селектор Пешиќ го објави конечниот список за Мундобаскет 2023

фото: ЗХУ Хе / КСС

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ го објави конечниот список на играчи на кои ќе смета на претстонојното Светско првенство.

Мундобаскет 2023 ќе се игра во Филипини, Јапонија и Индонезија од 25 август до 10 септември.

Србите се во групата „Б“ заедно со репрезентациите на Јужна Судан, Порторико и Кина.

Составот на Србија: Стефан Јовиќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Дејан Давидовац, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Бориша Симаниќ, Никола Милутинов и Душан Ристиќ.

– Имаме неколку дена да се одмориме и да работиме на уште некои детали во одбраната и нападот. Тимот се развива, расположението е добро. Имаме три натпревари во групата, најважно е да бидеме здрави и да се прилагодиме на сè што нè очекува на СП – вели Пешиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот