Српски државјанин приведен во Велес, пронајдени пиштол и муниција

Фото: Министерство за внатрешни работи

Во Велес вчера во 15.50 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.П.(37) од Република Србија, со престој во Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка” калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм, соопштија денеска од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот