Српска банкарка пред пензија си префрлала пари на своја сметка, ја „позлатила“ и цела фамилија

Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

63-годишна жена вработена во банка во Нови Сад е уапсена откако е откриено дека ја злоупотребила службената положба префрлајќи голема сума пари на својата лична сметка и на сметките на нејзини блиски луѓе, јавуваат медиумите.

Банкарката е осомничена дека во периодот од 2016 до 2018 година ги злоупотребила овластувањата како вработена во подружница на банка во Нови Сад и извршила повеќе безготовински трансакции на штета на клиентите.

Тие пари Р.З. потоа ги префрлила на нејзината и на сметките на членови на нејзиното семејство.

На овој начин, таа украла околу 128.000 евра, велат од полицијата.

На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот