Средношколците од прва година билетите за бесплатен превоз ќе ги добијат во училиштата

Фото: ЈСП Скопје

Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, поточно учениците во средните училишта чиј основач е Град Скопје, билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Како што информираат од ЈСП „Скопје“, најпрво ќе им бидат поделени привремени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со картички „скопска“.

Средношколците од повисоките години, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „скопска“, доколку старата е изгубена или оштетена, нова можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП. Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Потсетуваме дека средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии, градски и приградски во период од 5 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии – велат од ЈСП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот