Средба Џафери-Заев, тема процедуралните аспекти на функционирањет на Собранието

Фото Миа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со премиерот Зоран Заев, кратко пред почетокот на Пленарната седница за пратенички прашања, со кој разговараше за сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието.

-Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието. Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа. Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто, се вели во соопштението од собраниската прес-служба. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот