Србин исчезнал во Грција

Фото Мисинг Алерт

Организацијата „Мисинг Алерт“ издаде соопштение дека во Грција е исчезнат 44-годишен Србин. Се верува дека тој исчезнал додека патувал од пристаништето Пиреја кон островот Кос.

Радован Јурашиќ, како што е името на 44-годишниот Србин, исчезнал во понеделникот во областа Пиреја.

Еден ден претходно, во неделата, Јурашиќ се качил во автобус од Србија за Атина со крајна дестинација на пристаништето Пиреја, а во понеделникот се качил на брод од пристаништето Пиреја кон островот Кос.

„Мисинг Алерт“ биле известени за исчезнувањето на 44-годишникот во средата и веднаш продолжиле со објавување на деталите за возрасниот, по барање на неговите блиски, бидејќи веруваат дека постојат причини што го довеле неговиот живот во ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот