Србија се држи до принципиелна позиција за санкциите кон Русија, тврди Брнабиќ

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека во врска со барањето на Европската Унија за воведување санкции кон Русија, поради нејзината агресија кон Украина, „Србија има принципиелна позиција”, односно дека нема да воведува санкции, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за телевизијата Пинк, во врска со обвинувањата дека други земји ги кршат санкциите кон Русија преку Србија, изјави дека „ние нема да бидеме земјата преку која некој друг ќе прекршува некои санкции”.

Таа рече дека „нема да носиме посебни одлуки за тоа”, и дека спречувањето на кршење на санкциите кон Русија од страна на други земји преку Србија ќе се спроведува „според нашиот закон”.

-Што се однесува до санкциите, чудни се тоа работи кога се чукате во гради со морал, а потоа гледате дека Белгија се изборила да не воведува санкции за увоз на дијаманти, со што испаѓа дека дијамантите се поважни од „агресијата”, како што тие велат. Сите нивни стандарди паднаа кога е во прашање нашата држава. Она што сакав да го кажам е анализата на Фајненшл тајмс, која вели дека увозот на руски гас во некои земји е поголем отколку што беше пред воведувањето санкции против Русија. Тука е и Хрватска, која ни вели дека не можеме да седиме на две столчиња, но кога можат нешто да ќарат, тие тоа го прават. Но, овие дијаманти сепак победија, изјави Бранбиќ.

Таа кажа дека претседателот Александар Вучиќ се уште нема донесено одлука дали ќе оди на Самитот Еу-Западен Балкан во Тирана, но оцени дека „е важно да оди таму, бидејќи никој нема кредибилитет и не може да се соочи со лицемерјето, како тој”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот