Србија по разочарувањето на Европското првенство се раздели со селекторот Џерона

Фото: Rukometni savez Srbije

Ракометната федерација на Србија денеска потврди дека го раскина договорот со селекторот Тони Џерона по разочарувачкиот настап на Европското првенство.

Србија по ремито со Исланд во првото коло имаше реални шанси како второпласирана да оди во следната фаза, но во последното коло загуби од Црна Гора. Поразот донесе големо разочаруање, па двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

„По извршниот детален состанок со господинот Жирона, дојдовме до заклучок дека во овој момент најдобро е да дојде до раскинување на соработката во согласност со двете страни. Благодарни сме му за се позитивно што доносе за машкиот српски ракомет за време на својот мандат и му посакуваме многу среќа во иднина. Ракометниот сојуз на Србија ќе ги испочитува сите правни обврски дефинирани во договорот“, изјави претседателката на Ракометната федерација на Србија, Милена Делиќ.

Дека настапот на Европското првенство беше неуспех свесен е и самиот шпански селектор.

„Не е лесно да се носите со оваа ситуација по Европското првенство. Не ја остваривме целата и разбирливо е дека на ракометната репрезентација и е потребна нова енергија за се што следи во иднина. Благодарен сум на дадената можност и за секој момент во претходниот период“, изјави Џерона.

Шпанецот ја водеше Србија од мај 2020 година и зад себе остави неколку одлични резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот