Србија без Никола Јокиќ на Мундобаскет 2023?!

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер нагетс/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ в понеделник од 16.00 часот ќе го објави списокот на играчои на кои ќе смета за Светското првенство, соопштија од тамошната федерација.

На закажаната прес конференција покрај селекторот, ќе се обрати и капитенот на репрезентацијата, Богдан Богдановиќ и претседалот на федерацијата, Предраг Даниловиќ.

Одредени медиуми објавија информации дека на списокот нема да биде една од најголемите ѕвезди која минатата сезона со Денвер нагетс ја освои титулата во НБА лигата, Никола Јокиќ. Покрај Јокиќ, Мундобаскетот ќе го пропуштат и Василије Мициќ и Никола Калиниќ.

СП 2023 во Филипини, Јапонија и Индонезија ќе започне на 25 август и ќе трае до 10 септември.

Србија е во групата „Б“ заедно со селекциите на Јужен Судан, Кина и Порторико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот