Спортувате облечени во отров

вежбање
Фото: Unspash

Сè повеќе брендови на спортски градници и спортска облека содржат високи нивоа на хемиското соединение БПА, кое се користи во производството на некои видови пластика и може да предизвика астма, кардиоваскуларни болести или дебелина, предупреди американскиот Центар за еколошко здравје (ЦЕХ), пренесува Си-ен-ен.

Најголем дел од изложеноста на БПА е проучувана во контекст на голтање.

Ново тестираните брендови вклучуваат хеланки од „Aтлете“, „Чемпион“, „Koл’с“, „Најк“ и „Патагонија“, спортски градници од „Свити Бити“, спортски маици од „Фаблетикс“ и шорцеви од „Aдидас“, „Чемпион“ и „Најк“, пренесува Н1 инфо.

CEH претходно ги предупреди потрошувачите дека спортските градници од брендовите „Aтлета“, „ПИНК“, „Ејсикс“, „Норт Фејс“, „Брукс“, „Ал ин моушн“, „Најк“ и „Фила“, кои беа тестирани за БПА во период од шест месеци, покажаа дека облеката може да ги изложи потрошувачите на 22 пати повисоки нивоа на БПА.

Групата тестираше и шорцеви од „Норт Фејс“, „Брукс“, „Mицуно“, „Aтлета“, „Њу Баланс“ и „Рибок“, а резултатите беа слични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот