Специјалци на МВР спасија двајца параглајдеристи од Украина на планината Галичица

Специјалци на МВР спасиле двајца параглајдеристи од Украина, при несреќа што се случила денеска попладне околу 15 часот на планината Галичица.

Од МВР велат дека несреќата се случила на падините на Галичица, но на албанската страна поради што наши екипи во координација со албанските колеги се упатиле на пребарување на теренот, во обид да ги пронајдат.

Мажот и жената од Украина паднале на 500 метри на албанска територија во близина на македонско – албанската граница.

Известени се спасувачките екипи, планинските тимови за спасување, граничната полиција и тие стапиле во контакт со пограничните служби во Албанија. Првичната информација е дека едниот е полесно, а другиот потешко повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот