Спасовски: Засега сè уште немаме индиции за зголемување на бројот на мигранти

Како држава сме подготвени во делот на евентуално зголемување на бранот на мигранти. Ставот на Владата е истиот што сме го имале и досега и тука немаме промена во однос на тоа дека имаме два транзитни центра низ кои поминуваат мигрантите. Апсолутно ќе ја почитуваме политиката на Европската унија во однос на справување со евентуална мигрантска криза.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање дали земјава е подготвена за можноста од Турција да биде пуштен нов бран мигранти.

– Засега сè уште немаме индиции дека може да дојде до зголемување на бројот на мигранти. Сметам дека Европската унија треба сериозно да остане на спроведувањето на договорот со Турција ако сакаме навистина да не ни се случи нов мигрантски бран- нагласи Спасовски и додаде дека тоа е работа што мора да ја завршат челниците на Европската унија и на Турција.

Прочитајте и...  Отец Партениј денеска ќе стане владика

Министерот Спасовски, по денешната оперативно-тактичка вежба „Плен” во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, потенцира дека Владата ги следи тие политики, и пред се работи на заштита на нашата држава и нашите граѓани, а со тоа придонесува за безбедноста на целиот регион. Нагласи дека од круцијално значење при вакви сериозни предизвици е координацијата, меѓусебната размена на информации и спроведувањето на заедничката политика.

Прочитај повеќе

Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Слободен печат

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат

Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Слободен печат

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми

Слободен печат

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат