Спасовски во работна посета на Брисел

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска предводи делегација од МВР во работна посета на Брисел, заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски.

Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, ќе ја посети Канцеларијата на Советот на европските полициски синдикати (CESP) каде што ќе оствари билатерален состанок со претседателот на CESP, Рикардо Валадас, по што ќе учествува со свое обраќање на презентацијата на Стратешкиот документ „Негување на семето на промените: Како новиот полициски пристап може да ја обликува иднината на Европа”.

Следи билатерален состанок со раководителката на Единицата за соработка во полиција и лишување од слобода во Генерален директорат за човекови права и владеење на правото при Советот на Европа, Тања Ракушиќ Хаџиќ.

Во рамки на посетата на Брисел, министерот Спасовски ќе ја посети и Постојаната мисија на Северна Македонија при НАТО, каде што ќе оствари средба со амбасадорот Дане Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот