Спасовски во посета на Швајцарија, ќе потпише меморандум за воспоставување на партнерство за миграција

Оливер Спасовски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација.

Спасовски, како што соопшти МВР, утре во Берн ќе има работна средба со неговата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција.

Согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварува средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, Спасовски во Тринген, денеска ќе се сретне со наши сограѓани, во македонската православна црква, „Св. Наум Охридски”. Целта е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат, наведуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот