Спасовски: Се проценува што од архивите на УДБА и на КОС може да се отвори

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Формирана е работна група од претставници на сите надлежни институции која проценува што од архивите на УДБА и на КОС може да биде отворено, а нема да им штети на македонските национални интереси, кажа за „Утрински печат“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На новинарското прашање дали и кога Владата ќе ја спроведе, обврската од договорот со Бугарија во делот на надминување на историските несогласувања, но и европската препорака за отворање архиви од тајните служби на поранешниот режим како дел на борбата со криминалот и корупцијата, тој објасни оти станува збор за мошне чувствителна работа.

– Дали треба да се отворат базите на податоците во делот на раузнавачките служби, во архивот… Па ние имаме и сега отворени бази во архивот. Се што се наоѓа во Историскиот архив е достапно за сите. Тука прават истражувања и македонските граѓани и граѓани од други држави. Тука немаме некаква дилема. Е сега, да, треба да се разгледа и на тоа веќе се работи, формирана е работна група од претставници на Министерството за внатрешни работи, Историскиот архив, Агенцијата за национална безбедност и сите други и во рамките на законските можности ќе биде отворено тоа што може да биде отворено, како што се отвори овој дел што се наоѓа во Историскиот архив. Така што нема да се оди на штета на државата, на штета на националниот интерес – рече министерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот