Спасовски: Платежни картички за граѓаните во вредност од 9.000 денари

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот на техничката владата, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека ќе воведат платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

– Околу 100.000 граѓани на нашата земја ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги.

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои не заработуваат над 15.000 денари месечни приходи, како и приматели на гарантирана минимална помош.

Со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашните производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.

Оваа платежна картичка може да се користи само за домашни компании и производи, и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра – исткана Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот