Спасовски од Арачиново: Го изградија Белиот дворец, симбол на корупција и режим, наместо да градат како нас-за граѓаните

Оливер Спасовски/ Фото: СДСМ

Тука сме да побараме поддршка за локалните избори и да го избереме најдоброто за вашата општина, СДСМ на чело најабројната и најразноликата коалиција, работевме отчетно, станавме гарант на стабилноста и безбедноста во регионот, рече Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи во Арачиново.

-Резултатите се видиливи, ја зголемивме минималната плата за над 6000 денари, просечната плата континуирано растат како и пензиите, градевме патишта, изградивме 60 градинки, 60 училишта, полициски станици, ја вративме довербата во полицијата, имавме концепт за едно општество за сите, Арачиново е концепт на дело, покажавме дека може да има соживот и рамноменрен развој, еднакви услови за живот и во урбаните и руралните средини, не ги делиме граѓаните по ниту еден основ, зголемување на животниот стандард и инфраструктурата, ова е најдоброто и е постигнато за само четири години, рече тој.

Спасовски потсети дека реализирани се над 7000 проекти.

– Од централниот буџет ги раздолживме општините и 500 милиони евра за развој на локално ниво, а дел од средствата заврши и токму овде во Арачиново, најдобрите проекти носат развој, токму тоа го гледате тука, во времето на режимот најмалку се вложуваше, а СДСМ вложува во реални и видливи проекти, недозволиво е населено место на 10 км од Центарот да нема канализација, затоа изградивме 10 км канализација, за некој ден ќе почне да се гради и првата детска градинка, го реновиравме и старото училиште, нова општинска зграда, рече Спасовски.

Тој најави дека следуваат нови проекти кои ќе бидат моторот на промените, водоводна мрежа и прочистителна станица, дивата депонија ќе стане парк.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот