Спасовски: Недозволиво е да се работи против интересите на државата и да се рушат истраги

Политиката е една работа, меѓутоа да работите директно против интересите на државата, да се рушат истрагите, е нешто што апсолутно не е дозволено, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Алџезира во однос на објавата од ВМРО-ДПМНЕ на детали од акцијата „Двојник”.

-Секој одговорен граѓанин на оваа држава, посебно политичар, ако добие каква било информација за некакви нелегални дејствија, ако има за тоа некакви сознанија, треба да ги сподели најпрвин со Обвинителството. Меѓутоа, знаејќи дека има таква истрага, овие податоци се споделуваат во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на истрагата. Тоа не може на никаков друг начин да се нарече освен обид за саботирање на истрагата. Од кои причини, мислам дека ќе се покаже во наредниот период и за тоа треба Обвинителството да реагира, треба да се утврдат овие факти, наведува Спасовски во изјавата што ја сподели на неговиот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот