Спасовски: Имаме посебен тим за лицата што се бараат по потерници, листата е преполовена

Полиција / Фото: МИА

„Од септември минатата година имаме оперативен план со стратешки пристап за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати.

Спасовски откри дека веќе стотина лица се уапсени од оние што се барале со потерници, а во топ приоритет се лицата што се осудени на повисока затворска казна или пак по кои подолг период се трага.

-Вчера имавме едно такво приведување на лице кое беше осудено на дваесет години затвор, минатата недела уапсивме лице што седумнаесет години се криеше од лицето на правдата. На оваа листа имавме многу лица од домашни и меѓународни потерници, па дури имавме и апсења и во други земји, изјави Спасовски.

Министерот тврди дека лицата што се наоѓаат на домашни и меѓународни потерници се стратешки приоритет за државата и ако како општество ако сакаме ефикасни кривични постапки и борба против криминалот тогаш краен епилог е лицето да ја одлежи казната и да му се одземе нелегално стекнатиот имот.

Тој кажа дека дваесетина лица биле топ приоритет, а од септември до денеска оваа листа е преполовена е листата.

-Повеќе од десет лица што ни беа топ приоритет се веќе уапсени, тимот дава извонредни резултати, заклучи Спасовски.

ВИДЕО | Спасовски: Нема селективно постапување, кој сака нека е, ако грешел тој ќе одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот