„Спајс грлс“ се собираат за турнејата

Членките на „Спајс грлс“ повторно накратко ќе се спојат и ќе ги почестат своите обожаватели со кратка турнеја која почнува во Даблин, потоа ќе се движат кон Кардиф, Манчестер и Единбург, а ќе завршат со три концерти во Лондон на стадионт „Вембли“.

Гери Халивел патува со приватен авион, одвоено од другите девојки. Ја обоила косата во препознатливите портокалови тонови и отпатувала во Даблин да им се придружи на останатите од бендот.

View this post on Instagram

Dublin we’re coming!! ✌?? ?#Spiceworld2019 #HouseofGinger

A post shared by geri (@therealgerihalliwell) on

„Мислам дека повеќе од 20 години не сум била црвенокоса“, им рекла Гери Халивел (46) на своите фанови.

Потоа на фановите им поделила фотографии на кои позира со своите деца Монти (2) и Блубел (13).

„Даблин, ние доаѓаме“, напишала.

Додека популарната Џинџер Спајс, како што ја нарекуваа, оди со приватен лет на концертот, Мел Б сподели фотографија на која позира со Мелани Ц во автомобилот на патот кон аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот